Соопштение за јавност
Со оваа ненародна власт, за две години во Овчеполието ќе нема земјоделство, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при посетата на Свети Николе и Овчеполието на средбите со граѓани и земјоделци.
„Ако вака продолжи оваа власт да не се грижи за земјоделието, за две години овде земјоделие нема да постои. Луѓето, земјоделците се соочени со проблеми. Никаков откуп на грозјето, на пченицата, смешни суми откупни на млекото. Едноставно на овие луѓе им е потребна сериозна помош поради тоа што не само што не можат оваа сезона земјоделска да ја преживеат, туку се поставува најсериозното прашање“, рече Филипче.
Филипче предупреди и на високите трошоци за производство и проблемите со откупот на земјоделските производи.
„Што ќе се случува до година со овие огромни трошоци за ѓубрива, за нафта и со никакви, не само никакви ниски откупни цени, туку и никаков откуп на земјоделските производи. Се надевам дека оваа ненародна, криминална, корумпирана и антимакедонска власт навистина ќе излезе во пресрет и ќе даде поддршка, односно барем еднаш во овој изминат период ќе го слушне гласот на народот“, рече Филипче.
Линк до видео:




