Соопштение за јавност
Се докажа дека СДСМ е единствениот опозициски бастион во земјата, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека вчерашниот собир од мала група пучисти, поранешни функционери на СДСМ, но и членови на други партии, на ЛДП, луѓе вработени од ЗНАМ и Левица, докажа дека СДСМ е единствениот опозициски бастион во земјата и единствената партија.
„Вчера видовме на едно место мала група на пучисти и поранешни функционери на СДСМ, но и членови на други партии на ЛДП, луѓе вработени од ЗНАМ и внимавајте на Левица, партијата којашто има целосно спротивни вредносни политики од нашите. Партијата којашто отворено застапува руски и кинески интереси тука кај нас и е финансирана од Русија и од Кина тука во НАТО земја. Сите тие седнати на едно место, сите сателити на Христијан Мицкоски седнати на едно место. Тотална шизофренија. Вчера се докажа дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е единствениот опозициски бастион во земјата и единствената партија“, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ, Филипче, порача дека СДСМ, има капацитет да ја обедини и канализира опозициската енергија во земјата.
„Се покажа и се докажа дека СДСМ е единствената партија којашто може да биде и е носител на опозициското движење и да ја канализира целата опозициска енергија во земјата. Жалам што тие поранешни партиски наши функционери, партиски другари ги потценија членовите на СДСМ, но вистината кога тогаш ќе излезе на виделина и ве уверувам, тие ќе се срамат за своите постапки пред сите нас, не само пред членовите на СДСМ, туку пред целата македонска јавност. Година дена наназад работат против партијата, роварат, зборуваат со луѓе, шират невистини, клевети, лаги“, рече Филипче.
Тој додаде дека се ова се случува во период кога, се менува политичката состојба и СДСМ постепено се консолидира, и во период кога граѓаните се соочуваат со проблеми, а власта си ги турка своите интереси.
„Зошто сега излегуваат и ја дефокусираат јавноста од сите битни теми? Зошто не зборуваат или ни го одземаат вниманието да така силно опозициски ја критикуваме аргументирано власта за лошите политики којашто ги води? Зошто не зборуваат за дата центрите, за намерата на Христијан Мицкоски и на неговата банда да ја земат водата од земјоделците? Зошто не зборуваат за петте нови рудници коишто прв пат се впишуваат во просторниот план? Зошто сега, кога сериозно се намалува рејтингот на ВМРО, криминалната група и на шефот на мафијата Христијан Мицкоски, а нашиот рејтинг постепено, но сигурно почнува да расте“, рече Филипче.
Филипче порача дека СДСМ се бори за интересите и напредокот на државата.
„Ние не се бориме како тие луѓе за своите лични интереси. Ние се бориме за интересите на граѓаните и на државата. Затоа што СДСМ не е пазар во којшто секој може да дојде и да си земе што сака.Ова е сериозна државотворна партија којашто и сега, како и секогаш, имала државотворни политики во интерес на граѓаните за доброто на државата со демократски избрани институции“, рече Филипче.
Линк до видео:


