Филипче: Шемаџиите би направиле пакт и со ѓаволот за лични интереси – ова е вмровска шема

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Шемаџиите би направиле пакт и со ѓаволот за лични интереси, и ова е вмровска шема, нагласи претседателот на СДСМ д-р Венко Филипче, во врска со вчерашната средба на мала група и преставници од други политички партии. Филипче посочи дека тоа се луѓе кои ги ставаат личните интереси пред интересите на партијата и државата.

„Тие луѓе кои вчера ги видовме, имам чувство дека би седнале и би направиле пакт и со ѓаволот само да ги остварат нивните интереси. Тоа нема да им помине. Ќе стоиме и ќе се бориме и за граѓаните, и за државата, и за СДСМ. И овој обид и овој дефокус, овие пучисти, овие шемаџии ништо нема да направат. За жал, како што надимокот кажува, ова сега е ВМРО-вска шема. Се среќаваат и седат на маса со Левица. Левица, партијата којашто отворено соработува со Русија и со Кина. Тоа ли сакаат? Тоа ли се нивните принципи и вредносни политики?“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ потенцираше дека овој обид за дефокусирање доаѓа токму кога СДСМ ги отвора најголемите скандали на власта на Мицкоски, а рејтингот на ВМРО паѓа додека рејтингот на СДСМ постепено расте.

Тој посочи дека граѓаните бараат помош и решенија за проблемите во земјоделството, високите трошоци, платите и пензиите, а не дефокус.

Филипче потсети дека токму СДСМ предложи конкретни мерки за да им се помогне на граѓаните во оваа криза, како што е предлог Законот за 600 евра минимална плата и предлог Законот за финансиска поддршка на земјоделците. Тој укажа дека власта наместо мерки, ја турка државата во сериозна должничка криза.

„Имаме предлог-закон во Собранието за 600 евра минимална плата бараме за да може граѓанинот да преживее. Ни три минимални плати сега не се доволни да се покријат трошоците од потрошувачката кошничка. Зошто не дефокусираат за да не бараме соодветно зголемување на пензиите, а не мизерни 2,9% коишто воопшто не ги покриваат потребите на пензионерите на вака зголемени трошоци за живот и дополнително направија трик за над 1.000 денари да ја намалија просечната плата во јуни за да влезе во пресметката на пензиите и да не им дадат повеќе пари на пензионерите“, рече Филипче.

Во обраќањето, претседателот на СДСМ, Филипче порача дека СДСМ нема да отстапи од своите политики и ќе продолжи да се бори за граѓаните.

„Ние не се бориме како тие луѓе за своите лични интереси. Ние се бориме за интересите на граѓаните и на државата. Затоа што СДСМ не е пазар во којшто секој може да дојде и да си земе што сака. Ова е сериозна државотворна партија којашто и сега, како и секогаш, имала државотворни политики во интерес на граѓаните за доброто на државата со демократски избрани институции“, рече Филипче.

Линк до видео: