Уште еден Спутник, Српска лига на далечинско, конгрес без членови

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Саша Богдановиќ држи прв изборен конгрес на здружение Српска лига. Најавено уште во март. Сега, кога арамијата бара алиби за избори, сателитот добива датум.

Во Орбан–Вучиќ медиумите го продаваат како поранешен функционер на СДСМ. Градоначалник на Центар, 2017 година. Намерно се прескокнува ЗНАМ, прва верзија. Екипата што ја делеше партијата, заедно со Максо. Прво партијата. Потоа гласачите. Сега нова фирма.

Помлада верзија на Стоилковиќ. И полоша.

Неспособен оперативец, со години на услуга на српската БИА. Кога на јавноста ѝ е јасно дека министерот работи српско-руско-кинеска агенда, треба нова верзија да ги собере гласовите што Стоилковиќ ги губи.

Иста матрица како Српската лига во Србија: еден човек, членовите не се гледаат.

Лигата таму излезе од проруски ориентирани фашисти, претходно Трета Србија, име што алудира на Трет рајх.

Богдановиќ нема капацитет да ја прочита службата. Извршува.

Почетокот на годината, фалејќи го Вучиќ, СДСМ ги нарекува Усташи. Иста кампања како во Србија, каде студентите се Усташи. Иста како талогот на арамијата, по терк на Ванчо.

На мрежите се кити со Вучиќ и со однос кон Русија. Уште еден српско-руски Спутник, покрај Левица, анти-НАТО и анти-ЕУ, и покрај Платформата, ЗНАМ 2.0, за 1,6 милиони.

Уште една проруска, антизападна партија во Македонија.

Арамијата, стар руски прокси, не знае да склопи партија што барем на старт гледа кон Европа. Далечинскиот му е правен во Кремљ. Друг јазик не познава.

Полетувањето е неуспешно пред да заврши конгресот. Овој Спутник, оваа нова Лајка на Вучиќ, нема да се врати.

Сателит не е опозиција. Тоа е алиби за банда што останала без рејтинг и без пари.