Филипче: Ќе се спротивставиме на распродажбата на Македонија — водата, земјата и ресурсите мора да се заштитат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Заштитата на водата, земјата и природните ресурси е прашање од национален интерес, а борбата против нивната распродажба е обврска кон идните генерации, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на маршот во Прилеп по повод 11 Октомври – Денот на народното востание.

Филипче предупреди дека Македонија мора да се заштити од политики кои ги ставаат ресурсите на државата во функција на туѓи профити и провизии, наместо во интерес на граѓаните.

„Борбата за Македонија, другарки и другари, денеска е борба против нејзина распродажба. За рудници, вода, земја и дата центри. Арамиите на власт сè ќе стават државата на распродажба за туѓи профити и за провизии“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ порача дека грижата за Македонија не се докажува само со зборови и декларации, туку со одговорни политики што ги штитат граѓаните, нивната животна средина и ресурсите што треба да останат во функција на јавниот интерес.

„Ги троши ресурсите, ја разорува довербата и ги остава чесните луѓе да ја плаќаат цената“, истакна Филипче, говорејќи за политиката на актуелната власт.

Филипче нагласи дека борбата за Македонија значи и борба за држава што ќе ги штити своите природни богатства и нема да дозволи тие да станат средство за остварување приватни интереси на штета на граѓаните.

Линк до видетото :