Прес-конференција на СДСМ, Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
Се најавува нов бран поскапувања и нов удар врз семејните буџети со повисоки сметки за струја и парно од Нова година.
МЕПСО бара зголемување на тарифата за пренос на струјата од јануари 2027 година, се споменува и новото поскапување на парното, трето по ред годинава.
Трошоците за живот од јануари до сега се зголемени за 4.000 денари.
Вкупната потрошувачката кошничка во октомври надминува 70.000 денари, а со кирија достигна над 90.000 денари.
Ниту три плати не се доволни да се покријат основните животни трошоци.
Работниците во Македонија едвај врзуваат крај со крај, со најниски плати во Европа.
Од вкупно 540.000 вработени, околу 180.000 работници земаат плати помали од 31.200 денари месечно. Минималната плата не мрда од 26 илјади денари.
33% од работниците во Македонија земаат плата под прагот на сиромаштијата.
Граѓаните имаат крпен живот – одат на работа, вложуваат труд, а се повеќе осиромашуваат.
До ова дно ги донесе Мицкоски. Одби да ја покачи минималната плата на 600 евра. Ја одби секоја мерка на СДСМ за да им помогне на граѓаните да се справат со овие ценовни шокови.
Наместо да ги зголеми платите арамијата Мицкоски размислува за увоз на економски работници како евтина работна сила. Николовски вели 50.000 економски работници, а Мицкоски зголемува на над 100.000.
Ова е смислена политика, ова е одлука.
И во новиот ребаланс нема повисока минимална плата, нема 600 евра за работниците, нема мерки, нема помош за земјоделците.
Има долгови, високи камати, а сметката ќе ја плаќаат граѓаните и идните генерации.
Линк до видеото :




