Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за Алсат М телевизија изјави дека политичките одлуки ги носи самостојно и одговорно, на ист начин како што ги носи како неврохирург.
На прашањето дали е под нечиј диктат, Филипче одговори директно.
„Ќе ви одговорам најдиректно. Јас сум под диктат на кој било толку колку што сум под диктат кога сум во операциона сала. Одлуките ги носам одговорно, со знаење, со искуство и со прецизност, исто како во операциона сала“, рече претседателот Филипче.
Тој нагласи дека со истата одговорност ќе ја води и борбата против корупцијата, почнувајќи од себе.
„Според нашиот предлог-закон за ветинг, опфатени се сите функционери. Јас прв, и после сите други“, рече Филипче.
На забелешката дека и други пред него ветувале, а ништо не се случило, одговори: „Да, но јас ќе го спроведам. Тоа е разликата.“
Претседателот на СДСМ подвлече дека со исти принципи работел и на Клиниката за неврохирургија и во Министерството за здравство.
„Чесно, посветено, искрено, некорумпирано. Не само на министерската позиција, туку и претходно на Клиниката за неврохирургија, исто така и сега, а исто така и на следните функции. Затоа што сметам дека најбитен е образот“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

