Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – членка на Извршниот одбор
Историската победа во Србија го донесе падот на Александар Вучиќ, менторот на Христијан Мицкоски.
Како што најавивме, доаѓа време за размонтирање на балканскиот криминален октопод и одговорност.
Сега на граѓаните сè им е јасно.
За криминалните тендери. За Адамовиќ, Руднап, Божиновска, бизнис мрежите на Мицкоски што водат до Србија. За бизнисите со струја, енергетика, броила.
Јасно е зошто 5 тони дрога поминуваат преку граница и завршуваат кај СНС во Србија, а никој не одговара.
Се објавуваат информации за тоа кој е „Оскар“ во преписките на наркобосовите од платформа „Скај“.
Допрва ќе почнат истрагите во Србија а тоа ќе доведе и до линковите во Македонија.
На сите им е јасно зошто Алта банка влезе во Македонија а беше запрена во Европа. Истата матрица, истиот шаблон. Copy-paste во Македонија. Истиот црн капитал се вложува во истата банка.
Јасно е и зошто е црната кампања и постојаната пропаганда против СДСМ и против претседателот Филипче. Водена од началникот Латас и неговата Ивона Талевска.
Зошто го прават убиец на деца, доктор Менгеле, зошто постојано има црни кампањи, Дубаи, згради со лични напади и навреди.
Јасно е за влезот на српскиот Еуроњуз и Ало група, во сопственост на Вучиќ.
За ботовите на СНС, нивната бот-централа, платформа и трол фарми, во поддршка на ВМРО.
Јасно е зошто исти лоби куќи се поврзани со Вучиќ и Мицкоски, со 4iG, со Орбан, со рудниците за антимон.
Во Унгарија се уапсени тројца министри од владата на Орбан. Има истрага за кинескиот кредит чии пари завршија кај Мицкоски.
Сè станува јасно затоа што сè е поврзано.
И конечно, сега на граѓаните им е јасно дека по истиот рецепт на Вучиќ од Србија се прават партии-сателити – за да се цепка опозицискиот глас.
Затоа ЗНАМ и затоа Платформа ЗНАМ 2.0. Затоа рускиот Спутник како Левица. Сè е тоа школо на Вучиќ . Рецепт на менторот на Христијан Мицкоски.
Затоа што СДСМ е единствената, неконтролирана опозиција.
Заклучокот е многу едноставен. Позади сето ова стои една криминална организација.
Нејзиниот дел во Македонија е ВМРО – организирана криминална група, а шефот на македонската банда е Христијан Мицкоски.
Следат разврски, следат истраги, следи расчистување со криминалната организација, делче по делче.
Сите тие разврски ќе завршат и во Македонија со соработниците на Мицкоски.
Линк до видео:
