Филипче за амандманите на СДСМ: Бараме минимална плата од 36.000 денари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција за вториот ребаланс на буџетот, ги образложи дел од аманадманите што ќе ги поднесе пратеничката група на СДСМ и коалицијата. Еден од амандманите е за зголемување на минималната плата на 36.000 денари, со цел да се подобри животниот стандард на граѓаните и да се обезбеди достоинствен живот за работниците.

„Вака не се води државата, вака не се води сметка за стандардот на граѓаните, за секојневните проблеми, кои што се трупаат се повеќе и повеќе, додека трошоците неконтролирано растат. Никој од владата, примерот најмалку, не води сметка за стандардот граѓаните. И затоа ние во контекст на нашата конзистентност, добри политики, предлози за подобрување на стандардот на граѓаните, ќе поднесеме амандмани. Еден од нив е за зголемување на минималната плата на 36.000 денари. Граѓаните не смеат да живеат на работ на сиромаштијата“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ, ја повика владата да покаже грижа и емпатија за граѓаните, наместо да се фокусира на партиските тендери.

„Сега власта нема избор, пред крај на годината, нека ги поддржи граѓаните, нека направи барам един чекор со кој што ќе сез големи стандардот во овие ужасно тешки услови за живот. Ние сме една од ретките, ако не е единствена земја која нема мерки за помош на граѓаните од почеток на кризата и зголемувањето на цените на горивата. Нека покажат малку грижа, емпатија, нека водат сметка за граѓаните, нека не водат сметка само за своите партиски тендери.

Дел од амандамните на пратеничката група на СДСМ и коалицијата се однесуваат и на образованието, односно зголемување на студенткиот оброк, поддршка за земјоделците, амандмани за лицата и децата со попреченост, за градинките, за здравствената заштита, за инвестиции во индустријата, за Сојузот на борци.

Линк до видео: