Трајчулески до Мицкоски: Дали ќе се откажете од спојување на АНБ и АР – Македонија не смее повторно да биде жртва на злоупотреба на безбедносните служби

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на собраниската седница за пратенички прашања побара од премиерот Христијан Мицкоски да одговори дали ќе се откаже од намерата за спојување на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање, предупредувајќи на опасноста од концентрација на огромна безбедносна моќ под една политичка контрола. Трајчулески потсети на минатото кога овие безбедносни служби неа злоупотребувани од тогашната партиска гарнитура на ВМРО, нагласувајќи дека граѓаните не смеат повторно да бидат изложени на следење, притисоци и заплашување од институциите кои треба да ја гарантираат нивната безбедност.

„Македонија не смее да си дозволи уште едно искуство во кое службите ќе станат инструмент на владејачката партија, а граѓаните ќе станат предмет на следење, притисок и заплашување. Нашата држава веќе ја плати цената на злоупотреба на безбедносниот апарат и тоа два пати и двата пати во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Трајчулески.

Тој посочи дека скандалот со незаконското прислушување е сериозно предупредување што се случува кога безбедносните служби немаат ефективен надзор, а политичката моќ не е ограничена. Последиците, како што истакна, беа длабока политичка и институционална криза и нарушена доверба во државата.

Дополнително, Трајчулески се осврна и на предлогот за престанување на важењето на Законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, и го отвори прашањето зошто власта предлага укинување на закон за кој во образложението се наведува дека е системски правилно поставен и усогласен со европските и НАТО-стандардите. Тој побара од Мицкоски да објасни зошто наместо да ги отстранува слабостите во спроведувањето на постојниот закон, Владата предлага негово укинување.

„Ако законот е правилно поставен и усогласен со европските и НАТО-стандардите, зошто не се применувал?“, рече Трајчулески.

Пратеникот на СДСМ нагласи дека доколку проблемот е во недовербата меѓу институциите и недостигот на капацитети, одговорноста на Владата е да ги реши тие проблеми, а не да отвора простор за концентрација на безбедносната моќ.

Трајчулески посочи дека, според јавно достапните информации, повеќе од две години не е формиран нов состав на Советот за координација на службите, иако, согласно законот, Советот треба да се состанува најмалку еднаш месечно.

Трајчулески предупреди дека безбедноста на државата не смее да биде заложник на институционална недоверба, но и дека не смее да се загрозат демократските механизми за контрола и спречување злоупотреби.

„По сето она што го помина Македонија, повторување на злоупотребите, не смееме повторно да ја ставиме демократијата во положба да зависи од личното ветување на кој било политичар дека моќта нема да биде злоупотребенаТокму вие и заради сопствената политичка одговорност не треба да дозволите ваква концентрација на моќта“, рече Трајчулески.

Во продолжението на своето прашање, Трајчулески побара одговор дали Мицкоски ќе се откаже од спојувањето на двете агенции и ќе обезбеди независен демократски надзор, нагласувајќи дека Македонија не смее повторно да се соочи со масовно нарушување на приватноста и злоупотреба на институциите.

„Дали ќе се откажете од спојувањето на АНБ и Агенцијата за разузнавање и и независен демократски надзор?На Македонија не смее да ѝ се случи уште едно масовно нарушување на приватноста, уште една злоупотреба на службите и уште едно губење на довербата во институциите. Граѓаните веќе еднаш ја платија таа цена. Ваша должност како премиер е да не дозволите да ја плаќаат повторно“, рече Трајчулески.

Линк до видео: