Соопштение за јавност
Христијан вели ние опозицијата сме сакале црно сценарио, не Христијан, најцрното сценарио е откако си ти на власт и твојата банда, ни донесе криминални банки, да не можат луѓето до сопствените пари да си дојдат, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на денешната прес – конференција.
Филипче, му порача на Мицкоски дека наместо да ја обвинува опозицијата да одговори на сите прашања поврзани со состојбите и сомнителните процеси што се случуваат откако е тој на власт.
„Го слушам Христијан вели ние сме сакале опозицијата сака црно сценарио. Не бе Христијан, најцрното сценарио е откога си ти на власт во државава. Вакво црно сценарио од деведесет и прва година до сега немало. Од летото дваесет и четврта година поцрно сценарио не може да биде. Еве што сакаш ти криминални банки со коруптивен капитал, со шверц од дрога пари тука ни донесе кај нас да не можат луѓето да си стигнат до сопствените пари, па си притискал јавни претпријатија и ги продаваат акциите таму“, рече Филипче.
Филипче посочи дека Мицкоски не може да ја префрла одговорноста за проблемите врз други, кога токму тој бил информиран за влезот на Алта банка, најавува купувачи и е директно поврзан со процесот во кој Владата ги притискала јавните претпријатија да ги отстапат акциите.
„Вели Христијан увезен е проблемот. Да, тој е увозникот на проблемот, а шпедитери му се луѓе на црна листа. Тоа е вистината и ништо друго. И да знаат дека одговорноста ќе ги стигне“, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ укажа дека токму Мицкоски е тој кој ја стави Македонија во балканскиот картел на неговиот политички ментор Александар Вучиќ, а последиците од таквите политики се чувствуваат и во финансискиот систем и во угледот на државата.
„Ете тоа го направи Христијан Мицкоски. Како што го урна реномето на земјата во однос на евроинтегративните процеси, така го урна реномето на земјата и во однос на сè што се случува во рамките на овој балкански криминален октопод кој што е воден, беше воден од Александар Вучиќ, а Александар Вучиќ му е и му беше ментор на Христијан Мицкоски“, рече Филипче.
Линк до видео:
