Филипче: Кој ја организира аукцијата за Алта банка, Народната банка или Мицкоски?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес – конференција отвори серија прашања за најавата на Мицкоски за продажбата на Алта банка. Филипче посочи дека Мицкоски најавува купувачи за Алта банка и зборува за нејзина продажба, иако процесот на организирање аукција е во надлежност на Народната банка.

„Според законите и прописите потребно е да има најмалку две банки за да се организира аукција. Најдени ли се тие банки или целокупната законска обврска на Народна банка ја превзел Христијан Мицкоски? Знае ли тој кои банки се тие? Избрани ли се банките кои што ќе учествуваат на аукцијата? Ако се избрани, зошто не ги знаеме? Ако не се избрани, како тој и во кое својство ги бара и ги најавува?“, рече Филипче.

Филипче побара одговор и какви гаранции постојат дека финансиската состојба на Алта банка во Македонија е реална, а не станува збор за истото сценарио како во Србија, каде што, билансот на банката беше само на хартија.

„Каде е потврдата дека не е истото сценарио како во Србија, дека сè што било биланс на пари во Алта банка Белград било само на хартија, односно дали имаме доказ и за ова има обврска да каже и гувернерот и премиерот“, рече Филипче.

Тој додаде дека особено загрижувачко е прашањето дали Алта банка навистина располага со 80 милиони евра биланс во Македонија и дали средствата на граѓаните, компаниите и јавните претпријатија кои биле притискани од премиерот и министерката за финансии да ги препродадат акциите се безбедни.

„Дали 80 милиони евра биланс на Алта банка тука во Македонија ги имаме? Дали банката ги има парите? Дали граѓаните, фирмите, сите јавни претпријатија кои што ги притискале и премиерот и министерката за финансии да ги препродадат акциите во Алта банка го имаат својот капитал или не? Тоа е прашање на кое што треба да се одговори“, рече Филипче.

Линк до видео: