Мицкоски и Славески планираат да ја продадат Aлта банка двојно пниско, само за да ги прикријат сметките и трансакциите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Aлта банка оди на берзанска продажба. Ако нема купувач, цената ќе паѓа.

Мицкоски и Славески планираат да ја дадат обезвреднето само за да ги прикријат сметките и трансакциите. По модел, прво никој да не се јави и на крај да се продаде за џабе.

На крајот ќе ја обвинат СДСМ дека е виновна за ниската цена. Стандарден модел.

Да потсетиме: за паниката е виновен гувернерот.

Народната банка на Србија во Белград рече дека сè е во ред, а веќе истата вечер ја одзеде дозволата за работа. Банката отиде во стечај. По само еден ден од одземањето на дозволата во Белград, Народната банка на Македонија исто така изјави дека сè е во ред, а веќе следниот ден воведоа присилна управа. Ова предизвика паника кај граѓаните.

По објавите дека банката служела за перење пари и по изнесувањето на податоците за сопственикот што е во притвор, Славески и Мицкоски поднесоа кривични пријави против СДСМ – за ширење на паниката што самите ја направија.

Сега сакаат брза продажба по секоја цена. Не затоа што сакаат да ја спасат банката, туку затоа што не сакаат да се отворат сметките и трансакциите. Не сакаат да се види колку пари префрлил Вучиќ, колку останало тука и каде продолжиле парите.

Ниту една сериозна банка не сака да купи банка со вакво портфолио. Сопственик во притвор. Истраги во Србија, Црна Гора, Австрија и ЕУ. Капитал под сомнеж. Лажни банкноти.

Мацура е нивниот личен банкар. Затоа се брзаат.

Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара.