Форумот на жени на СДСМ утре на протест во Охрид: Доста е молк, доста е неказнивост, доста е заштита на насилниците!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Форумот на жени на СДСМ утре, 17.11.2026 година (вторник), со почеток во 18:00 часот, организира протест пред СВР Охрид, во знак на поддршка на младата Сара и нејзините блиски, на сите жени жртви на насилство и протест против нефункционалните институции водени од ВМРО кои ги штитат насилниците. Форумот на жени на СДСМ, ги повикува и граѓаните на Охрид да се приклучат на протестот и заеднички да испратат јасна и гласна порака дека насилството, прикривањето и заштитата на насилниците мора да престанат и дека мора да има одговорност.

„Ги повикуваме и граѓаните на Охрид да се приклучат на протестот и заеднички да испратиме јасна и гласна порака дека насилството, прикривањето и заштитата на насилниците мора да престанат и да следува одговорност. Сара заслужува правда, сигурност и заштита, како и секоја жена. Не смее да има заташкување на насилството, одговорност мора да има без разлика на партиски, семејни и политички врски. Доста е молк! Доста е неказнивост! Доста е заштита на насилниците.За Сара. За сите жени. За правда и одговорност. Да бидеме заедно, гласни и истрајни. Охрид мора да испрати порака дека насилството нема да помине“, порачуваат од Форумот на жени на СДСМ.

Линк:

https://www.facebook.com/share/p/1HG5cCexAt/