Филипче: Јас и СДСМ не се бориме еден човек да владее, се бориме да има систем

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за „Ноќно студио“ на 4ТВ порача дека СДСМ се залага за Македонија во која институциите работат самостојно, луѓето напредуваат според заслугите, а младите ја гледаат својата иднина дома. Не за еден човек, за ситем, додаде тој.

„Јас и СДСМ се бориме овде да има систем и да има Европа и да има мерит систем и младите тука да ја гледаат иднината“, рече Филипче.

Тој го критикуваше начинот на владеење на Христијан Мицкоски, посочувајќи на неговото мешање во судството, економијата и медиумите.

„Не сакаме автократски режим тука“, рече Филипче. Тој ја критикуваше концентрацијата на моќ кај еден човек кој, како што кажа, може „да контролира судство, економија, медиуми, да нарачува текстови, да дискредитира луѓе“.

Филипче објасни што значи функционален систем за младите, повикувајќи се на разговорите со студентите и специјализантите со кои работи.

„Младите бараат систем. Не секогаш повеќе пари. Они сакаат да заработат, ама преку систем во којшто нема да има дискриминација по ниту една основа, најмалку партиска“, нагласи Филипче.

Тој посочи дека европската перспектива, борбата против корупцијата и подобриот животен стандард се цели на политиката на СДСМ.

„Се бориме за европска Македонија, се бориме за некорумпирана Македонија, се бориме за луѓе коишто ќе имаат добар стандард и добри примања“, рече Филипче.

Линк до видео: