Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во интервју за „Ноќно студио“ на 4ТВ ја посочи изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за настапот на Дејвид Гета како пример за тоа зошто, според него, премиерот го изгубил кредибилитетот.
„Ние што може да очекуваме од човек којшто ќе каже дека Дејвид Гета чини нула евра а видовме дека чини 5 милиони евра“, рече Филипче, посочувајќи дека трошокот станал познат веќе следниот ден по изјавата на Мицкоски.
Филипче го наведе примерот со Гета во одговор на прашањето за документот што Мицкоски го покажа на надзорната расправа за Алта банка.
Документот покажува дека тогашната влада го задолжила државниот правобранител да ги заштити интересите на Македонија пред српските институции а не како што лажеше Мицкоски на надзорната расправа.
„Тоа го пишува во документот. Не пишува дека Алта банка направила бизнис релација со нашата држава во време на владата на СДСМ“, рече Филипче.
Претседателот на СДСМ потсети и на лажните ветувања на Мицкоски за Преспанскиот договор и македонскиот идентиет.
„Не може да очекуваме друго од човек што ветуваше дека ќе го врати името. Додека сум јас ВМРО, Преспанскиот не е завршена а работа, така велеше“ рече Филипче.
Претседателот Филипче се осврна и на предизборните реклами во кои, беа прикажани млади луѓе со наведнати глави, а пораката на Мицкоски беше „ви го земаа идентитетот“. Ја спореди таа порака со сегашниот став на Мицкоски дека договорот „го потврдува и го штити идентитетот“.
„Преспанскиот договор го решава проблемот со името заштитувајќи го идентитетот и јазикот. Заштитувајќи го“, рече Филипче.
Линк до видео:
