Соопштение за јавност
Според сегашното темпо на зголемување на минималната плата и земајќи предвид дека за време на епидемијата успеавме минималната плата да ја зачуваме на исто ниво, целта ни е минималната плата во следниот четиригодишен период да порасне на 20.000 денари, изјави носителката на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во изборната единица 5, заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во Дебар.
Таа додаде дека како што успеавме да ја покачиме минималната плата од 9.000 на 14.500 немаме дилеми дека сега можеме уште повеќе и уште подобро и минималната плата на крајот на нашиот мандат ќе изнесува 20.000 денари, а заедно со минималната плата ќе расте и просечната плата и нашата цел е на крајот на мандатот таа да изнесува 34.000 денари.
За да го постигнеме ова ќе ја зголемиме финансиската помош која што ќе ја насочиме кон наиште компании. Тие ќе можат да сметаат на 600 милиони евра поддршка, од кои 300 ќе влегуваат од државниот буџет, а 300 од европските фондови, а 2,2 милијарди евра ќе се насочат во јавни инвестиции, нагласи Шекеринска.
Со 4-тиот пакет предвидуваме кредитните картички кои сега беа на располагање на одредни категории на граѓани да ги прошириме и да опфатат уште 2 групи и тоа невработени лица, кои не се пријавувале секој месец во агенцијата за вработување и втората категорија ќе бидат сите пензионери, со пензии под 15.000 денари, најави Шекеринска.
Таа истакна дека во периодот на најтешката пандемија покажавме дека знаеме да обезбедиме силна здравствена заштита, но и обезбедивме 550 милиони евра само во трите сета економски мерки и не дозволивме да запрат и да заклучат многу фирми
Денеска и во Дебар имав прилика да разговарам со многу сопственици на мали фирми, дуќани и сите без исклучок кажаа дека оние кои ги задоволувале условите, без ниту еден збор, без ниту еден притисок без ниту еден видлив или невидлив услов успеале да ја добијат поддршката за работни места од страна на владата, рече Шекеринска, за време на посетата на Дебар.