Соопштение за јавност
Ако не почитувате правила на Охридското езеро, кое е заштитено од УНЕСКО, може да замислите што ќе се случи со другите општини, истакна носителката на листата во изборната единица 5 на коалицијата „Можеме“ заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска, во синоќешното обраќање до граѓаните во живото вклучување на Фејсбук.
Таа во одговор на прашања од граѓани во врска со случајот на најголемата дивоградба на Охридското езеро, фамозниот хотел во Лагадин нагласи дека градоначалникот на Охрид 7 пати го поништил решението за градба бидејќи било издадено незаконски и второстепената комисија го потврдила тоа и ова решение не смеело да биде издадено.
Но, по оваа постапка предметот заминал на суд и судот го вратил назад и токму тоа е тој пинг-понг што не фрустрира сите како граѓани и создава недоверба и кај судството и кај општините, но и во целата држава, рече Шекеринска.
Општината има многу силни аргументи и нема да попушти ниту на притисоци и на можни злоупотреби на судството, бидејќи ако оваа дивоградба се дозволи и се толерира тоа ќе биде знак за сите да не ги почитуваат правилата, порача Шекеринска.
Вечерва одговарам на прашања кои беа поставени до мене во текот на денот. Во услови на коронавирус, ги почитуваме мерките за дистанца но тука сме за нашите граѓани
Posted by Radmila Sekerinska on Вторник, 30 јуни 2020