fbpx

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство, ВМРО-ДПМНЕ да го поздрави успехот во ЕУ интеграциите и да престане да го омаловажува јазикот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

„Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе европското законодавство пред да станеме држава членка на ЕУ. Тоа го сметаме за нешто нормално, стандардна работа, бидејќи согласно нашата лична карта во Обединетите Нации и согласно нашето право на самоопределување, нашиот јазик е македонски, а ние меѓународната комуникација ја водиме и на македонски јазик“, рече претседателот Заев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција пред Собрание.

Претседателот Заев истакна дека ова е уште една потврда и признание за македонскиот јазик. „Ова нека биде и апел да запрат со лагите оние кои со месеци лажеа и велеа дека “сме го изгубиле јазикот”. И да престанат да ни ги вреѓаат и омаловажуваат јазикот нарекувајќи го “северџански”. Ние зборуваме македонски јазик, кој полека станува дел од големото европско семејство, заедно со останатите европски јазици. Е тоа е патриотизам, тоа е грижа за татковината, за македонскиот идентитет“, потенцираше Заев и го повика ВМРО-ДПМНЕ да го поздрави успехот во ЕУ интеграциите.

„Денес, ги повикувам нив, ВМРО-ДПМНЕ, да се одважат и да го поздрават усвојувањето на предлог преговарачката рамка. Да ја поздрават и веста дека законодавството на ЕУ ќе биде преведено на нашиот македонски јазик. Беа против интеграцијата во НАТО и ЕУ преку Договорот од Преспа. Беа против Законот за јавно обвинителство кој носи правда. Мицкоски не аплаудираше кога тука во Собранието го усвоивме протоколот за членство во НАТО. Ајде, еве денес, нека се одважат, нека го поздрават овој важен чекор од нашата европска интеграција, нека го поздрават македонскиот јазик“, заклучи претседателот Заев.

Последни вести