fbpx

Димитров од Аеродром: Билбордот за кампањата на опозицијата треба да биде: „Неказнивост за сите, без исклучоци.“

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Носителот на листата на ИЕ1 од СДСМ и коалицијата „Можеме“ Никола Димитров, кој на вечерашната граѓанска трибина во општината Аеродром се осврна и на иронијата ВМРО-ДПМНЕ во својата кампања да ветува за правда:

„На еден од билбордите низ градот пишува „Правда за сите, без исклучок.“ Тоа е билборд на здружението, со алузија на злосторничко, иако формално е политичка партија чиј што врвен приоритет од 2015-2016 год наваму е да се бега од правдата. Се’ што се прави, дури и напад врз од народот избрани пратеници беше да се бега од правдата.“ – истакна Димитров.

„Зборовите имаат своја суштина и треба да ги користиме со одговорност. И кога велиме правда, мора да мислиме правда. Кога опозицијата вели Македонија, мислат на партијата. Кога зборуваа за преродба, беше одродба. Мене ми е страв кога зборуваат за обнова. Одвај ја вративме државата од таа бездна. Затоа нивниот билборд треба да биде: „Неказнивост за сите, без исклучоци.“

Последни вести