fbpx

Царовска: ВМРО -ДПМНЕ е контрадикторна вели ќе го ревидира Преспанскиот договор, а веднаш потоа дека ни треба датум за ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

 

ВМРО-ДПМНЕ настапува со контрадикторни ставови во една реченица. Од една страна велат ќе го ревидираат Преспанскиот договор, а ведаш потоа дека ни треба датум ЕУ, истакна ностиелката на кандидатската листа во изборната единица 1, потпретседателката на СДСМ Мила Царовска, во дебатата на ТВ21.

Таа додаде дека Преспанскиот договор беше условот за нашата држава стане дел од НАТО и да ја отвори патеката кон ЕУ.

“Како е возможно некој да прететндриа да биде државник, а да не се израдува на ниту еден успех на државата, а имаа можност 12 години да го направат тоа, но наместо тоа ја изолираа државата, ја корумпираа, го запоседнаа судството”, рече Царовска.

Таа додаде дека покажавме за 3 години дека можеме во НАТО, нашиот идентитет останува гарантиран, како македонци со македонски јазик ќе влеземе и ќе бидеме дел од унијата.

Последни вести