Соопштение за јавност
Ко-носителот на листа на коалицијата „Можеме“ – Јован Митрески, денес во Струга имаше работна средба со наставниците, професорите и другите засегнати страни во образовниот процес во изборна единица 5.
На средбата тој истакна:
Ова прашање како и многу други не го изоставивме и во Струга. Наша задача е да создаваме услови за подобро образование. Не бегаме од одговорноста како влада, но мора да бидеме реални, имавме само две ипол години затоа бараме стабилен мандат од граѓаните.
Образованието е најважната алка во развојот на едно општество.
Треба постојано да го надградуваме и изнаоѓаме најдобри начини секое едно дете да има пристојни услови и да може да го следи образовниот процес во континуитет.
Денес на оваа тема имавме можност заедно со заменик министерката за образование и наука Елизабета Наумовска и кандидатот за пратеник Жаклина Лазаревска да продискутираме на оваа тема со наставниците, професорите и другите засегнати страни ви овој процес и да дадеме импакт во понатамошниот развој.