Соопштение за јавност
Ние сме носители на напредок, развојна економија, просперитетна држава, рече носителката на изборната единица 2, Сања Лукаревска од коалицијата „Можеме”, која денеска оствари повеќе средби со граѓани и компании во Куманово.
„Добрата соработка со компаниите и навремениот, неселективен поврат се исклучително важни во креирањето развојна економија. Поддршката на компаниите и вработените ќе продолжи за што предвидуваме 600 милиони евра, 300 милиони од буџетот и 300 милиони од европските фондови“, рече Лукаревска.
Минималната плата од 9.000 денари за само три години ја искачивме на 14.500 денари. Во наредниот мандат платите и пензиите ќе растат. Минималната плата ќе ја покачиме на 20.000 денари, а просечната плата до крајот на мандатот ќе се искачи на 34.000 денари.
Младите се нашата движечка сила. Креираме амбиент за успех на секој еден млад човек. Креираме политики коишто ќе обезбедат услови за успешен млад претприемач, успешен спортист, доктор кој останува да работи во нашите болници, иноватори. Ги поттикнуваме младите и жените да отвараат сопствени фирми со грантови до 15.000 евра. Принципот 50/50 што го промовираме во сите сфери на општеството значи еднакви права за жените и мажите, eднакви плати за жените и мажите, eднакви обврски за жените и мажите“, рече Лукаревска.
Носителката на изборна листа во ИЕ2 Сања Лукаревска денеска во Куманово разговараше со компании корисници на економската мерка за исплата на плати за април и мај, како и на субвенциите за покривање на придонесите до 6.000 денари, со цел исплата на повисоки плати.
„Добрата соработка со компаниите и навремениот, неселективен поврат на ДДВ, се исклучително важни во креирањето развојна економија. Поддршката на компаниите и вработените ќе продолжи за што предвидуваме 600 милиони“, рече Лукаревска.
Со младите во Куманово, Лукаревска разговараше за поддршката на младите и нивното активно вклучување во македонската развојна економија.
„Создаваме амбиент и услови за успех на секој млад човек. Вложуваме во младите спортски амбасадори, младите претприемачи, докторите кои иднината ќе ја градат дома, младите иноватори. Ги поттикнуваме младите и жените да отвараат сопствени фирми со грантови до 15.000 евра. Поддржуваме стартапи формирани од млади кои нема да мора да прават административни и логистички трошоци“, рече Лукаревска.
Парите ги враќаме на граѓаните преку многу мерки за поддршка, преку изградба на современа инфраструктура. Куманово добива целосно ново street ball игралиште, а со финансиска поддршка од Програмата за рурален развој интензивно се работи на пристапен пат и уредување на локацијата Студена вода со урбана опрема за спорт и рекреација.