Соопштение за јавност
Никола Димитров, кандидатот на СДСМ и носител на листа во ИЕ1 од коалицијата „Можеме“ на граѓанската трибина во Чаир, вечерва зборуваше за наследената состојба на 1 јуни 2017, кога по сите параметри позициите на државата беа во надолна линија – и во однос на економијата, и во надворешните работи но и за пресвртот кој беше направен за само 2.5 години.
„За две и пол години во сите области има очигледен прогрес. Во областа на надворешните работи, после 29 години зборување за НАТО и за ЕУ, си се качивме на планината. Денес сме НАТО членка. Цврсти сме, темелот ни е тоа, тоа е столбот на нашата заедничка куќа.
Го пробивме и патот до ЕУ. На еден чекор сме од почеток на пристапни преговори. Нешто што го чекаме 15 години. И да не се лажеме. Од другата страна има луѓе, што јас ги викам Здружение бидејќи основна цел им е да бегаат од правдата и одговорноста, никогаш нема да се качат на возот што оди кон ЕУ. Зошто? Затоа што не ги ни разбираат мостовите што ги изградивме кон соседите. Второ, затоа Европа бара одговорност, кој направил беља да си сноси одговорност но они не се спремни за таква работа.
Целата бука што се слуша во оваа кампања е бука и магла за евентуално ние да го пропуштиме возот. Нема да го пропуштиме. 29 години се целиме кон тоа, должност на нашата генерација е да ја зграпчиме оваа шанса.“ – рече Димитров.
Нема област каде отидовме назад, ниту една област. А во многу области отидовме напред.
Сите заедно да ја зграпчиме оваа шанса. Покажавме дека можеме дека можеме многу подобро и многу повеќе. – порача Димитров од Чаир.