Соопштение за јавност
„Mисајловски беше министер, директор, ниту еден проект нема, може имаше провизии и кражби, но нема проекти и затоа не треба да ја добијат поддршката.
Обновени криминалци од времето на Груевски, има денес во лицето на Мицкоски и Мисајловски.
Да ставаат во гасни комори, да влечат за уши, тоа сакаат. Груевски не смееме да го вратиме на власт. Секој да направи се да ги поразиме таквите политики.
Сите да се обединиме, да поразговараме со секој да излезе на изборите, најавуваме сигурност, визија и просперитет“, повика Спасовски од трибината во Чаир.