fbpx

Морачанин од Пробиштип: Се заложивме за затворање на рудниците, за создавање на зелена економија и здрава животна средина за сите граѓани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

„Како зелена партија која се грижи за одржување на здравата животна средина, а со тоа здравјето на граѓаните сме навистина загрижени од изјавите на опозицијата дека ќе отворале нови рудници и тоа овде во Пробиштип“. – истакна Маја Морачанин, претседателка на ДОМ и коалициски партнер во Коалицијата „Можеме“.

Таа посочи дека навистина е загрижувачки затоа што ДОМ изминативе години се бореше токму против отворањето на нови рудници, затоа што едноставно екологијата ,здравата животна средина ,здравјето на луѓето не одат заедно со работењето на рудниците.

„Ако минатиот век немаше научни докази дека тие имаат штетно влијание врз луѓето, денес во 21 век знаеме колку влијае загадувањето на воздухот,почвата и водата на севкупното здравје на луѓето. Цел свет и цела Европа се стреми кон развој на зелената економија, тоа е перспективата и за Пробиштип и за целиот Исток, за целата држава“. -порача Морачанин.

Она што ме радува е тоа што, почната е постапка на јаловиштето Злетово, како едно од 16-те жешки еколошки точки во земјата, да се изгради фотоелектрична централа. Од некој предел кој загадувал сега да биде зелена економија и да ја користиме сончевата енергија и природните ресурси.

Како позитивна промена во однос на статусот на рударите Морачанин ја посочи измената на Законот за рударите, кои сега порано можат да заминат во пензија , а младите им се овозможува да работат во услови достојни за живот и да останат овде и ги уживаат сите благодети.

„Исто така за поздрав е отпочнувањето на постапката за прогласување на Осогово за заштитено подрачје. Тоа значи уште поголем развој и бенефит за локалното население“. -истакна Морачанин од граѓанската трибина во Пробиштип.

Последни вести