fbpx

Митрески: СДСМ ја зголеми социјалната помош за 300%, во новиот мандат обезбедуваме повисока социјална помош за 34.000 домаќинства

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Јован Митрески носител во ИЕ 5

СДСМ изминатите три години во континуитет покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани подеднакво, од друга страна ВМРО-ДПМНЕ во континуитет покажува грижа само за Груевски и неговите криминални соработници.

Наместо да им помага на најранливите категории граѓани, ВМРО-ДПМНЕ 11 години манипулираше со социјалната помош, ја држеше на недостоинствен минимум и ја злоупотребуваше во партиски цели пред избори.

За три години, СДСМ донесе социјална реформа со која социјалната помош ја зголеми за 300 отсто, воведе детски и образовен додаток.

Продолжуваме да се грижиме уште повеќе и уште подобро. Во новиот мандат обезбедуваме повисока социјална помош за 34.000 домаќинства и детски додаток за 65.000 деца!

Го решивме проблемот со стечајците кои ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираше. 12.000 стечајни работници добиваат по 8.000 денари месечно, а наскоро добиваат и домашна платежна картичка од 9.000 денари.

Се обврзавме дека ќе ги враќаме парите кај граѓаните, тоа го продолживме и во време на криза со коронавирусот.

28 милиони евра враќаме назад кај преку 324.000 граѓани преку домашната платежна картичка и ваучерот за туризам.

Го зголемуваме опфатот на домашната платежна картичка. Покрај стечајците, картичка со 9.000 денари ќе добијат и пензионерите со пензија до 15.000 денари, самохраните родители, како и невработените кои не се активни баратели на работа.

Градиме држава која е праведна и правна за сите.

Ги намаливме нотарските и трошоците за извршители, целосно укинавме 11 ставки за трошоци за извршување.

Со отписот на камати на долгови за физички лица, избришавме 10 милиони евра долгови на граѓаните.

Казните ги намаливме и до 75 отсто, воведовме опомена пред казна и пропорционално казнување.

Почитувани,

Разликата е јасна и очигледна.

СДСМ се грижи за сите и враќа пари назад кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ се грижи само за обнова на режимот и зема пари од граѓаните.

Затоа, на 15 јули граѓаните ќе гласаат за концептот кој обезбедува повеќе пари во нивните буџети, а не за обнова на режимот кој им ги крадеше парите.

На 15 јули граѓаните ќе гласаат за фер и праведно општество и правна држава.

Обнова на криминалот, обнова на режимот нема да има.

Последни вести