Соопштение за јавност
Носителката на листа на пратеници од ИЕ 3, Јагода Шахпаска, денеска ја посети Општинската јавна установа за грижа на стари лица д-р. Иван Влашки во општина Берово.
-„Посебно задоволство ми претставува кога сум меѓу највозрасната популација која го вложила својот труд во нашето издигнување и во изградбата на државата.“ – рече Шахпаска на средбата со лицата кои се сместени во овој дом. Таа зборуваше за она кое што досега е сработено и она кое што го нуди новата програма на коалицијата „МОЖЕМЕ“.
Во Установата д-р.Иван Влашки во Берово во моментот се сместени 29 стари лица. Во завршна фаза е реконструкцијата на новото трето крило за зголемување на капацитетните можности за сместување, со средства обезбедени од локалната власт, Министерството за труд и социјална политика и донација од швајцарската агенција за обнова и развој .Тоа е инвестиција во вредност од 6 милиони 953 илјади денари. Со новото крило установата ќе се дополни за уште 10 лица, а воедно претставува и можност за нови вработувања на персонал за грижа за стари лица.
– Во сферата на здравството, обезбедивме старите лица сместени во старечките домови да имаат бесплатни редовни лекарски прегледи и повеќе лекови на позитивна листа достапни секогаш. Грижата за старите лица продолжува и во идниот мандат на нашата Влада, во насока на уште поголемо покачување на пензиите , со цел најниската пензија се зголеми за 21% односно 10.700 денари, подобрување на условите и капацитетите на домовите за стари лица ,по примерот на Д-р Иван Влашки.-посочи Шахпаска.
Таа како дел од понудата во новата програма на коалицијата „МОЖЕМЕ“ ги посочи и следните заложби како: отворање на домови за стари лица во Скопје, Кочани и Пробиштип, потоа обезбедување на услуга за помош и нега во домот во 65 општини и проширување на програмата за бањско-климатска рекреација.