fbpx

Николовски од Кочани: Изборот на 15 јули е лесен, Брисел и Европска Унија или Хунзите, Белизе и Субрата Рој

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ и носител на листата во ИЕ 3

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Чекориме напред. Лека и сигурно работите се менуваат. Имаме уште многу што да менуваме, но вреди и да се потсетиме кај бавме и кај сме сега!

СДСМ за само три години направи историски пресврт во меѓународната политика и ги оствари стратешките цели на државата за кои сонувале татковците на нашата народност со векови. НАТО и ЕУ станаа реалност, со признат и загарантиран македонски јазик и идентитет.

ВМРО-ДПМНЕ остана сама во изолација и лаги.

Си отворивме врати што за нас отсекогаш биле затворени. Сега доаѓа редот да ја искористиме шансата. Да се свртиме навнатре и да работиме решиме внатрешни прашања кои не мачат со децении, а во исто време да ја искористиме неповторливата економска шанса за раст што ни се отвора со членството во НАТО и преговорите со ЕУ.

Притоа драги луѓе, македонскиот јазик, македонскиот идентитет, македонската посебност се денеска признаени од сите Од Европската Унија, од НАТО, од целиот свет!

Единствени што ја омаловажуваат македонската гордост нарекувајќи не северџани и други грозни измислици, се самите членови на ВМРО-ДПМНЕ. Нека им служи на чест.

Во преговорачката рамка на ЕУ јасно е наведено дека јазикот на кој треба да се преведе европското законодавство е македонски јазик.

Македонски јазик е и јазикот наведен во нашата лична карта во Обединетите Нации. Македонски јазик е јазикот на кој ја водиме меѓународната комуникација.

Апсолутно ништо не им остана на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, освен лагите.

Дека сме го губеле јазикот, сме го губеле идентитетот.

Единствено што губиме се остатоците од вашиот режим кој не врати десетици години. Со глас за Можеме, најшироката коалиција во македонската историја, се поддржува конечното расчистување со остатоците на Груевизмот кои денеска како носители на листи и кандидати за пратеници претендираат да не излажат по којзнае кој пат.

Не не лажете веќе!

До 2024 ќе отвориме 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ, а за 6 години ќе го затвориме преговарачкиот процес.

Вие господа од ВМРО-ДПМНЕ со вашата ароганција, диктатура, надменост, не би можеле тоа да го направите ниту за 66 години!

Со глас за коалицијата Можеме помагате да обезбедиме 2,5 милијарди евра од европските фондови. Тоа се повеќе пари за справување со корона кризата, за новата македонска економија, за зелената агенда, енергијата, конкурентноста, капиталните инвестиции, земјоделството, канализациите, патиштата, водоводот.

Тоа се европски пари за европски стандарди кај нас дома!

Одберете драги пријатели – Брисел и Европска Унија или Хунзите, Белизе и Субрата Роj.

На 15 јули, почитувајќи ги сите мерки за заштита, со маска, со држење дистанца, да излеземе и да го оствариме своето право на глас, за подобра европска иднина.

На 15 јули да ја поддржите СДСМ и Коалицијата „Можеме“ која ја води државата кон ЕУ и НАТО, и никако да не да дозволите враќање на изолацијата и обнова на режимот на Груевски.

Ви благодарам

Последни вести