fbpx

Димитров до незадоволните граѓани: На 15 јули турнете не’ напред силно да продолжиме со реформите! 2,5 години имавме тег што не’ влечеше назад

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Кандидатот за пратеник од СДСМ и носител на листа во изборната единица 1 од коалицијата „Можеме“, Никола Димитров, вечерва на централната трибина во Скопје, им се обрати на граѓаните кои се уште размислуваат дали да излезат да гласаат на парламентарните избори во среда на 15 јули, порачувајќи им дека со останување дома, го даваат нивниот глас за опцијата која води накај пустошот и бездната, и дека тој е глас на бело знаме и на предавање:

„ Дали знаете дека сме фаворити? Ама ако сме убедливи, ако излеземе сите. Граѓанин кога гласа, дава правец. Дајте го правецот за напред, да бидеме убедливи, да нема пазари на принципите главни! Затоа ни требате сите и да ни дишете во врат после, ако не испорачаме.“

Димитров порача дека само со заокрожување на бројот 3 нашата земја може да биде држава со која што ќе се гордееме сите, доколку СДСМ го добие мандатот: „ Немојте да мислите дека ова што го постигнавме, ни е сигурно во џеб и не е битно што ќе биде од сега па натаму“ и вети дека тој лично ќе биде гласот за правда:

„Како мене што ме блескаат рефлекторите, така ќе блескаат како ќе владееме дома. Главна област ќе биде областа на правдата. Со помош на овие рефлектори, јас лично ви ветувам дека ќе бидам гласот за правда, бидејќи нема да заврши кризата што почна 2015 год. , додека нема правда. Без разлика за кого! Кој и да згреши, ќе се бориме да има правна разврска.“ – порача Димитров.

Последни вести