Соопштение за јавност
Да ги казниме оние кои што велат исправи се Македонијо, зашто сакаат пак да не клекнат на колена. И овој пат како и досега сме исправени пред големата победа на СДСМ и коалицијата МОЖЕМЕ, рече Лукаревска на централната трибина на коалицијата МОЖЕМЕ во Скопје.
-Обезбедивме 60 илјади нови работни места, ги зголемивме просечната и минималната плата, ги зголемивме платите во здравството, образованието, армијата, полицијата, го чуваме достоинството и на пензионерите, ги зголемивме и пензиите. Нашиот концепт за овие избори е стандард наместо пустош, борба против сиромаштијата наместо лично богатење, развој на економијата наместо концептот на ВМРО ДПМНЕ на што и самите се смеат “немаме за леб а трошиме за чоколади“. Нашиот концепт на стандард, развој и благосостојба ќе победи на 15 јули.
-Особено сум горда, изградивме едно општество за сите, но исто толку сум горда и на принципот на еднакво општество на мажи и на жени. На овие изборни листи имаме 50% кандидати мажи и 50% кандидатки жени. Нашите заложби, нашите добри политики даваат резултати. Затоа ве повикувам, гласајте на 15 јули, заокружете три, обнова на режим не смееме и нема да дозволиме. Гласајте за Социјал демократскиот сојуз и коалицијата МОЖЕМЕ, гласајте за потврдени вредности.