Соопштение за јавност
На вчерашната централна трибина на караванот на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ претседателот на СДСМ, Зоран Заев порача дека на 15 јули граѓаните масовно ќе го поддржат концептот кој води напред и нема да дозволат враќање на државата назад во режим
„Земјата не ја даваме на оние што земјата сакаат да ја враќаат во режим. Додека дишиме режим нема да се врати. Режим, никогаш повеќе во Македонија, На 15 јули граѓаните и во изборната единица 1 и во изборната единица 2 и во другите изборни единици ќе гласаат за концептот што води напред, напред кон ЕУ и НАТО, кон повисоки плати и пензии, напред кон економски раст и развој“, посочи претседателот Заев.
Заев им порача на граѓаните дека зависи од секој од нив и дека на 15 јули важно е да излезат на гласање кое ќе биде целосно безбедно по нивното здравје.