fbpx

Срамно однесување на Мицкоски, не ги почитува мерките, не е загрижен за граѓаните, за него кафаните и теретаните се најважни

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ

 

Почитувани,

Целата јавност вчера слушна како незрелиот и неодговорен Христијан Мицкоски ги прекршил мерките и задолженијата за спречување на заразата од коронавирусот.

Непочитување на мерките, деструкција, лажни вести, тоа е она што Мицкоски им го нуди на граѓаните.

Мицковски, како не ти е срам?  Како не ти е срам!! Твоето вчерашно однесување е директен доказ зошто се соочуваме со втор бран, и дека тоа е од непочитување на мерките и неказнување од МВР, а не зашто владата нема добра стратегија.  Нашата стратегија не е проблемот, проблемот е што ти и твоите послушници во МВР цело време намерно и организирано ја саботирате.

Како не ти е жал за болните, за докторите, за оние кои поради тебе и таквите како тебе кои не ги почитуваат мерките сега мораат повторно да бидат во карантин.  Како не чувствуваш одговорност за новите заболени ?

Еве го однесувањето на ВМРО преку твојот пример разголено до крај: намерно и организирано не ги почитувате мерките, надевајќи се на зголемување на бројот на заболени, а твоите гавази во МВР тоа го кријат и намерно не го санкционираат, борејќи се против колегите од МВР за тебе да те сокријат.  Борејќи се против инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, против цела држава.

Па уште јавно лажеш – дека не си бил запознаен, дека само со познајник си седел, дека ти било првпат, дека било човечки?  Нема ништо човечко во твоето однесување, каде твојата теретана и твоите кафеани се поважни од здравјето на луѓето.  Сега што ќе измисли Наќе пак?  Кој отсјај сега ќе те покрива?

Срамот од ова однесување е голем, но одговорноста е поголема.  Во оваа ситуација, политичарите мораме да бидеме пример за однесувањето на граѓаните, а не причина за нови пикови.  Срам да ти е!  Граѓаните ќе ценат и ти судат за твојот незрел однос!

Последни вести