fbpx

Спасовски на Свеченото собрание на Демократска партија на Турците: Едно општество за сите и европска Македонија се сигурност, да излеземе на гласање на 15 јули

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Носителот на листа во ИЕ 2, се обрати на Свеченото собрание на Демократската партија на Турците којашто синоќа славеше 30 години од своето постоење и која е дел од најголемата политичка коалиција во Можеме.

„Демократската партија на Турците е вградена во темелите на нашата земја. Создадена е кога и нашата независна и суверена држава. Многу квалитетни кадри од оваа партија овие три децении макотрпно рамо до рамо заедно работеа да дојдеме до ваква држава денес, којашто е на сите граѓани подеднакво без разлика на националната, верската, етничката припадност, држава којашто е дел од НАТО и е на чекор од почнување преговори со Европската Унија.

Спасовски го нагласи и конструктивниот придонес на ДПТ последниве три години во извршната власт.

„Заедно носевме храбри одлуки, заедно работевме на концептот „Едно општество за сите“, заедно покачувавме плати и пензии, заедни градевме инфраструктура за сите, заедно ја донесовме во НАТО и пред почеток на преговорите со ЕУ, рече Спасовски.

Спасовски посочи и на принципиелната и пријателска соработка со Република Турција.

„Граѓаните Турците во земјава воедно се и мост со Република Турција. Се покажа дека и во овие тешки моментит на ковидкризата се покажа дека без пријателите решавањето на кризата би одело многу потешко“, рече Спасовски и изрази благодарност како премиер за поддршката и помошта од Турција во време на корона кризата.

Во завршниот дел од обраќањето, тој ги повика сите граѓани Турци во земјава масовно, со почитување на протоколите, да излезат да гласаат и да го заокружат бројот 3, заедно да продолжиме по патот на сигурност, нова развојна економија, еднаквоста, по евроатлантскиот пат.

Последни вести