fbpx

Близу 1 милион евра профитирале хидроцентралите на Мицкоски од државата, а оние на Камчев над 33 милиони евра, за нив парите се единствен приоритет

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Митко Андреевски, претседател на Комисија за енергетика на СДСМ

Почитувани граѓани,
Вчера јавно ги презентиравме договорите за консултантски услуги при тендери на кланот Мицковски од Машинскиот факултет за потребите на државната компанија ЕЛЕМ.
Непотизмот од машинскиот факултет Мицковски продолжува да го применува и во самата партија со носителката во ИЕ 1, Гордана Силјановска.
Главното прашање што го поставивме вчера, а не ни беше одговорено, ќе го поставиме и денеска: зошто лидерот на опозицијата ја крие својата имотна состојба?
Одговорот е јасен, Мицкоски нешто крие!
Тој е лично е косопственик на 3 мали хидроелектрани кои по примерот на договорот  на  Груевски и ОКТА има загарантиран 20 годишен договор по цени на струја коишто ја плаќаме ние граѓаните.
Секој еден граѓанин , секое семејство плаќа за овие хидроелектрани. Сумите кои ние граѓаните сме му ги платиле се следни: Или вкупно кумулативно во период од:
2016: 986.513 денари
2017: 15.269.030 денари
2018: 19.398.444 денари
2019: 21.145.834 денари или вкупно 56.802.821 денари.
Затоа ја покачија цената на електричната енергија за повеќе од 100%,
Затоа ја укинаа евтината тарифа,
Затоа не сакаа да го либерализираат пазарот на електрична енергија.
Денес станува појасно и зошто ист ваков 15 годишен договор му имаат дадено на Пелагонија Енерџи на Орце Камчев, а сумите кои се наплатени од граѓаните се:
2015 година 149.869.371 денари
2016 година 370.061.640 денари
2017 година 564.829.354 денари
2018 година 605.322.865 денари
2019 година 351.509.045 денари
Или вкупно:  над 2 милијарди денари (2.041. 591. 275) или повеќе од 33 милиони евра.
За сликата да биде комплетна им помогнал и некој во Регулаторна комисија за Енергетика. Тоа во минатото не го знаевме, но денеска го знаеме.
Тој некој е  претседателката  на комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ, Елена Маркова, која како член на регулаторна комисија од 2011 до 2017 од функција на член гласала за доделување на лиценци на наведените фирми и личности, Мицкоски да добие.
и истата гласала за:
– укинување на евтина тарифа,
– покачување на струјата за 100%,
– не носењето на новиот закон за енергетика,
– исклучените граѓани  од парно на територијата на Град Скопје кој иако не користат да плаќаат сметки за парно греење.
Почитувани граѓани, денес е последен ден од кампањата.
Замислете што се може да направи ВМРО-ДПМНЕ  ако повторно им се укаже можност! Замислете го Мицковски што ќе стори за себе преку вашите сметки од позиција на премиер!
Затоа во среда на 15 јули треба да гласаме за СДСМ и коалицијата „Можеме“.

Последни вести