fbpx

Спасовски од култното место Соколана: Ние врз живите сведоштва на историјата градиме сигурна иднина, тие опасно ја злоупотребуваат во стиропор, за да крадат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

„Го вративме овој објект, познатата како „Соколана“, во владение на општината. После долгогодишното уништување, овој спортски комплекс ќе биде реконструиран и реновиран, за повторно да ги отвори вратите за нови спортски настани и успеси.

Грижата за ова култно место за кумановчани од 20-от век, не само за спортски настани туку и за дрштвениот живот во градот, покажува дека ние ја чуваме историјата и на неа ја градиме и сегашноста и иднината, а не како режимот кој за да краде ја злоупотребуваше историја и ја поставувавеше во стиропор, додека во своите џебови поставуваа милиони евра народни пари“, порача носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовки на попладневната средба со граѓани пред комплексот „Соколана“.

„Ние се грижиме за сите – и за младите генерации и за возрасните на кои ќе им овозможиме да тука ја гледаат својата младост и сега и во иднина, со тоа што ќе ја задржиме автентичноста на објектот.

Она што ние враќаме е пари кон граѓаните. Тие враќаат режим. Ние гарантираме сигурност. Тие гарантираат ужас и опасност.

Затоа на 15 јули, да си останеме на сигурно и да си продолжиме сигурно по правиот пат.

За сигурност, сите да излеземе на гласање и да избереме број 3, повика Спасовски во Куманово на средбата со граѓани кај „Соколана“.

Последни вести