fbpx

Шекеринска: Високиот одзив покажува дека граѓаните сакаат да продолжи државата на правиот пат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава по гласње носителката на кандидатската листа на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ во ИЕ 5, Радмила Шекеринска

 

Денес покажавме дека како држава членка на НАТО и држава преговарач со Европската Унија, знае што се добро организирани фер и демокракратски избори, во држава во која прилега таква атмосфера.

Денес покажавме дека и во услови на пандемија, граѓаните и институциите покажувааат зрелост.

Високиот одзив кој го гледаме од раните утрински часови, покажува дека граѓаните знаат дека ова се избори кои ќе влијаат на правецот кој ќе го има нашата земја.

Од тие причини беше задоволство да се биде во гимназијата „Георги Димитров“ да се види дека колку граѓаните се свесни дека нивното право е и голема обврска и одговорност.

Настаните во двата дена молк, нема да фрлат сенка на ова што се случува во главниот изборен ден. Обидите на ДПМНЕ да создадат чувство на хаос, чувство кои ги потсеќа на минатите избори, не поминуваат. Граѓаните денес излегоа за да покажат дека можеме и повеќе и подобро.

Последни вести