Изјава по гласње на носителот на кандидатската листа на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ во ИЕ 3, Љупчо Николовски
Денеска заедно со останатите сограѓани го искористив моето гласачко право.
Драго ми е што гласањето се одвива во строго безбедносни услови, со почитување на сите протоколи и радосни сме заради примената на сите мерки, на се она што обезбедува 100 процентно безбедно гласање.
Убеден сум дека граѓаните денеска ќе ја донесат вистинската одлука, одлуката на иднината одлуката за иднината, одлуката за сите наши идни генерации.
Одлуката дека продолжуваме по овој сигурен и извесен, но не опасен пат.
Граѓаните ќе го изберат сигурниот пат, граѓаните ќе го изберат патот до големата и моќна Европска Унија и во периодот што следува од утре натаму навистина да започнеме со работа, да започнеме и продолжиме со политиките за коишто разговаравме овој период во кампањата со граѓаните.
Ние сме тука парите да ги враќаме назад кај граѓаните, државата после НАТО да влезе во Европската Унија, Македонците да ги вратиме тука и во истокот и во целата земја, а да ги извезуваме нашите брендирани македонски производи.
Ова е ден навистина за демократијата, ден во кој гласањето се одвива сосема непречено, без индиценти, без проблеми.
Ден кога немаме притисоци, нема уцени, нема закани. Ден кога покажуваме дека гласањето е целосно демократско, со полн капацитет, многу различно од времето на режимот, кога граѓаните навистина со закани, со уцени , со притисоци беа третирани на овој изборен ден.
Затоа денеска е празник, денеска е убав ден, од денеска па натаму продолжуваме таму кадешто застанавме.