fbpx

Николовски: СДСМ и коалицијата победуваат, имаме водство од најмалку два пратеника

Facebook
Twitter
LinkedIn

Обраќање на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски

„Почитувани граѓани, почитувани новинари, почитувани претставници на партиите од најголемата, најсилна, најразноликата и од вечерва и дефинитивно ПОБЕДНИЧКА Коалиција „Можеме“.

На околу 75 отсто обработени податоци од денешниот изборен ден јасни се две работи:

Победуваме и продолжуваме уште повеќе и уште подобро!

ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да си бара ново раководство.

Коалицијата „Можеме“ води со 2 пратенички мандати и тој тренд продолжува.

Имаме предност од 1 пратеник во изборната единица 1 и во изборната единица шест, а во другите изборни единици резултатот е нерешен засега.

Имаме сигурна убедлива предност и победа во Битола со над 1.000 гласови, во Куманово со над 3.500 гласа, Струмица со речиси 3.000 гласа, во општина Центар над 4.100 гласа, победивме во Ресен со над .1000 гласа, Крушево, Дебар, во мојата Крива Паланка со над 2.500 гласа.

Солидна предност каде што очекуваме и победа на крајот имаме и Кочани, Берово, Прилеп но и други градови.

Очекуваме ваквиот тренд да се задржи до крајот на пребројувањето на гласовите, коалицијата Можеме ќе има сигурна предност од 2 пратеника со тенденција за раст на разликата во мандати.

Ова почитувани граѓани покажува дека нашите политики, нашиот одговорен однос и чесен пристап уште еднаш се препознаени и вреднувани.

Се потврди разликата од кампањата но и од дејствувањето од претходните три години. Негативното, деструктивно, незрело и опасно однесување на ВМРО-ДПМНЕ повторно е поразено од граѓаните.

Ги слушам од ВМРО-ДПМНЕ и се чудам. Почнаа со информации дека воделе со 6 пратеници, а сега брифираат дека воделе со 1. Како да е, за 1 час ќе прогласат пораз. Нека им е и на нив честито реформата.

Почитувани,

Ви благодариме што застанавте зад овој концепт, заедно продолжуваме уште повеќе уште подобро. Победивме европски, победивме чисто!“

Последни вести