Соопштение за јавност
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, остро го осудува физичкиот напад врз граѓанскиот активист Беким Асани.
Во демократска држава, членка на НАТО, каква што е Република Северна Македонија недозволиво е какво било насилство врз кој било поеднинец.
Апелираме надлежните институции веднаш да постапат, да ги пронајдат и соодветно да ги казнат напаѓачите, за вакви слуачи да не се повторуваат во иднина.
Концептот Едно општество за сите, значи и почитување на различностите, значи и еднаква грижа и заштита на правата на сите граѓани. Како одговорна партија СДСМ останува посветена на заштита и унапредување на гарантираните права и слободи на сите поедници во државата.