fbpx

Преговорите меѓу СДСМ и ДУИ продолжуваат, се работи на четиригодишна владина програма и на распределба на одговорности во ресорите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

И денеска продолжуваат конструктивните работни средби меѓу СДСМ и Коалиција “Можеме” и ДУИ, на ниво на генерални секретари, со цел обезбедување стабилна Влада која во полн четиригодишен мандат ќе ги испорача и оствари сите очекувани услуги и цели на граѓаните.

Откако двете партии ги утврдија коалициските принципи и определби на евентуалната идна заедничка Влада, денес се работи на усогласување на победничките изборни програми на двете партии и на создавање на четиригодишна програма за работа на идната Влада, во целост посветена на економијата, правдата, еднаквоста и интеграциите.

Во тек е и распределбата на одговорностите според ресори во идната коалиција, процес во кој се постигнати добар напредок и начелни согласности.

Двете партии се обврзаа да предложат соодветни, подготвени, чесни и способни кадри кои ќе ја реализираат програмата во целост за време на полн четиригодишен мандат.

Партиските органи, партиските секретари и портпароли веднаш ќе ја известат јавноста за сите нови моменти во преговорите и ги замолуваат јавноста и медиумите да не ги земаат предвид шпекулациите.

Учесниците во преговорите се свесни и во целост ја разбираат итноста и потребата за постизборна консолидација на институциите и очекуваат дека во следните денови ќе биде постигнат конечен договор.

Последни вести