fbpx

Изборите се решение за незрелото однесување на Мицкоски и неговите кадри во техничката Влада

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Костадин Костаднов, портпарол на СДСМ

 

 

Почитувани,

Христијан Мицкоски останува запаметен како неодговорен политичар кој за време на оваа криза цело време се однесува незрело, несериозно и неодговорно. На штета на граѓаните и нивното здравје.

На почетокот на кризата Мицкоски го потценуваше и се потсмеваше со заканата од коронавирусот.

Потоа лажеше дека немало доволно тестови за корона иако илјадници граѓани се тестираа согласно протоколите.

Среде пандемија, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ водеа валкана кампања против Венко Филипче, со лажни вести и неосновани закани со кривични пријави.

Лажеа дека 140.000 граѓани останале без работа поради коронавирусот иако бројката не надмина 8 илјади граѓани за време на кризата.

Додека граѓаните гледаа слики од Мицкоски од теретани и прошетки на Водно, по социјалните мрежи.

Денес, Мицкоски прави сè да нема избори, прави сè да ја држи земјата во неизвесност и да создаде политичка криза, само затоа што се плаши од изборно соочување и извесниот пораз од граѓаните.

Однесувањето на Мицкоски и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во тејничката Вада се уште еден доказ зошто се потребни избори и нова политичка влада.

За Наќе Отсјај поважно беше да го одбрани неговиот шеф, да снима пропагандни спотови, отколку да ги спроведува мерките и да штити здравјето на граѓаните на тој начин.

Јавноста виде како не се спроведуваа контролите, се дозволи кршење на забраните за јавни собири, а полицијата под водство на Чулев воопшто не реагираше.

Опструкциите и блокадите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада се потврда дека личните агенди и теснопартиските интереси на Мицкоски за нив се поважни од заштита на здравјето на граѓаните.

Таква деструктивност е недозволива!

Затоа, почитувани граѓани, изборите се решение, а не проблем.

Со ново Собрание и со нова политичка Влада со целосен легитимитет институциите целосно ќе бидат посветени на обезбедување на законите во државата и заштита на здравјето на граѓание.

Особено во период кога се олеснуваат мерките и кога сите треба да се подготвуваме за новиот бран на коронавирусот наесен.

Здравјето и живеачката на луѓето се најважни, а затоа ни треба целосно функционален демократски институционален систем.

Северна Македонија мора со целосен капацитет на институциите да го дочека септември за да биде целосно подготвена за уште поефикасно справување со последиците од досегашниот тек на пандемијата и за очекуваниот нов бран на вирусот.

Последни вести