fbpx

Два месеца 20% повисока плата за здравствените работници, вложуваме во човечкиот капитал,

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Ненад Коциќ, кандидат за пратеник на СДСМ од ИЕ 3

 

 

 

 

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

 

Со навремени мерки ја ставивме состојбата со коронавирусот под контрола, успешно го амортизиравме првиот удар на епидемијата, а капацитетот на здравствениот систем во ниту еден случај не се оптовари.

Македонското здравство покажа дека има може навремено и ефикасно да се справи со заканите од глобалната пандемија со коронавирусот.

Сите ние сме благодарни за трудот и пожртвуваноста на здравствените работници во изминатиов период.

Но здравствените работници не можат сами да се справат со епидемијата. Секој од нас е еднакво важен во битката со коронавирусот.

За да ја одржиме епидемијата под контрола и да го заштитиме здравјето, мораме доследно да ги почитуваме мерките за заштита.

 

Почитувани,

Оваа глобална криза покажа уште појасно дека здравството е еден од основните општествени столбови. Затоа, продолжуваме да вложуваме во одржлив здравствен систем.

Преку одговорни и стратешки политики ги зајакнавме професионалните капацитети на здравствените работници и создадовме услови здравствените работници својата иднина и кариера да ја гледаат во нашето јавно здравство.

Владата предводена од СДСМ сериозно вложи во човечкиот капитал во здравството во изминатите две и пол години. Влогот во здравствените работници е влог во нашето јавно здравје.

За период од две години дадени се повеќе од 5.000 согласности за вработувања во јавно-здравствените установи, ги зголеми платите на здравствените работници, даде повеќе од 1.000 согласности за специјализации и супспецијализации.

Во периодот од септември 2018 до февруари 2020, 4 пати е зголемена платата во здравството, основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, на медицинските сестри до 23%, на општите лекари за 25%, а на останатите здравствени соработници за 15%.

Ги зголемивме коефициентите за исплата на дежурства на здравствените работници. Некои типови на дежурства се зголемени за два до три пати за викенд.

За 15% го зголемивме капитациониот бод на матичните лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија.

И за првпат, оваа Влада ги плати приватните специјализанти за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар.

Денес, тоа придонесе да имаме силно мотивирани здвраствени работници кои беспоштедно се борат со коронавирусот.

Денес, сите ние сме благодарни за сиот труд и пожртвуваност што нашите здравствени работници го вложија изминатиов период и од тие причини вработените во здравството кои се во првите борбени редови во битката со Ковид-19 ќе добијат награда од 20% од основната плата за 2 месеци.

Наградени ќе бидат сите здравствени и нездравствени работници вклучени во работата со пациентите заболени од коронавирусот – доктори, медицински сестри, но и болничари, транспортери, возачите во службата за итна медицинска помош во сите Јавно здравствени институции, болниците, институтите каде се правеа испитувањата.

Како одговорна партија посветена на заштита на здравјето на граѓаните, продолжуваме со мерки и политики што обезбедуваат ефикасен здравствен систем, вреднуван персонал и задоволни пациенти.

Последни вести