Соопштение за јавност
СДСМ го осудува нападот врз новинарската екипа на „Ал Џазеира“ на вчерашниот протест организиран од ВМРО-ДПМНЕ.
Слободата на изразување и непреченото работење на новинарите и медиумските работници во секое демократско општество, какво што е и во Северна Македонија се загарантирани и неповредливи.
За поздравување е тоа што институциите брзо реагирале, очекуваме и соодветна казна за извршителите на нападот.
Нападот врз новинарски екипи уште еднаш го потврди насилничкиот и понижувачки однос на ВМРО-ДПМНЕ кон медиумите и новинарите.
Заробена во сопствената деструкција, и во опозиција, исто како и на власт, ВМРО-ДПМНЕ во медиумите гледа единствено непријатели.
Нереформираната, назадна партија, ВМРО-ДПМНЕ, не смогна сили ниту да го осуди нападот, ниту да се извини на нападнатата новинарка.