fbpx

Поразениот Мицкоски е очаен да си ја спаси партиската фотелјата, Јанушев го чека соочување со правдата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност – реакција на изјавата на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ

Денеска јавноста сведочеше на уште еден очаен обид на Христијан Мицкоски преку таканаречен протест да си ја спаси фотелјата во белиот дворец.

Граѓаните одамна го прочитаа лицемерниот однос на Мицкоски и затоа на протестите што тој ги организира има се помалку луѓе, а како што се гледа и се помалку автомобили.

Граѓаните многу добро знаат дека токму Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за 100 ја покачија цената на електричната енергија и ја укинаа евтината тарифа.

Тоа, го покажуваат и официјалните податоци за цената на киловат електрична енергија, која, во 2006, годината кога ВМРО-ДПМНЕ ја презема власта изнесувала 2.62 денари по киловат час во скапа и 1,31 денари по киловат час во евтина тарифа. Во 2017 кога ВМРО-ДПМНЕ оди во опозиција, цената на киловат час изнесува 5,54 денари и не постои евтина тарифа.

Со доаѓањето на СДСМ, со одговорно работење, просечно македонско домаќинство има помали сметки односно заштедува над 300 денари месечно само со враќање на евтината тарифа.

Тоа се фактите од кои не можат да побегнат очајните Мицкоски и Игор Јанушев кои знаат само да бранат криминал и да шират лажни вести. Наместо да се расфрла со квалификации и да бара оставки од независни институции, Јанушев треба да се соочи со предметот што се води против него каде постојат основани сомненија дека тој како директор на ЈСП Скопје преку злоупотреба на службена положба го оштетил Буџетот за 5 милиони евра.

Правда ќе има за секој, тоа е најголемиот страв и на Јанушев и на Мицкоски и неговите приврзаници.

Последни вести