Одговор на новинарско прашање, Костадин Костадинов , портпарол на СДСМ
Прашање: Како ги коментирате обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека со владините мерки се врши поткуп на гласачи?
Одговор: Секогаш кога парите од државата завршуваат наменски кај граѓаните, кај погодените категории на компании заради корона кризата ВМРО-ДПМНЕ и раководството на ВМРО-ДПМНЕ имаат проблем, зошто? Затоа што парите не завршуваат во нивните џебови како што тоа им беше навика цели 11 години.

Во случај кога имаме практично три пакети Ковид1, Ковид2 и сега Ковид3 линијата кадешто буквално се грижиме за спас на секое работно место, кадешто вбризгуваме пари во социјално загрозени граѓани, социјално загрозени семејства за полесно да можат да ја пребродат кризата, нормално дека вбризгуваме и дополнителни финансиски средства во компаниите како во однос на покривање на минимална плата од 14 500 денари така и дополнителен буст за надминување на економската криза на сите наши компаниипреку Ковид3 линијата.
Дополнително даваме пуш и на капиталните инвестиции во однос на изградбата на патишта, во однос на изградбата на било каков вид на инфраструктура.
Тоа е она што им пречи на ВМРО-ДПМНЕ. На крај да заклучам навистина конфузни се ВМРО-ДПМНЕ. Од една страна бегаат од избори, од друга страна не обвинуваат за некаков изборен поткуп.
Еве ќе ги разберам нормално е кога ти е страв да се соочиш со избори, а секако и со изборен пораз на изборите кога и да се случат, нормално е од незнаење од конфузија и од паника да ширите лаги и невистини и секакви обвинувања, но тоа нека им служи на ВМРО-ДПМНЕ во белата палата.