fbpx

Мерката од 14.500 денари по вработен им помогна на околу 120.000 вработени, четвриот пакет антикризни мерки обезбедува уште поголема поддршка на граѓаните и стопанството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Стотици илјади работни места се спасени, обезбедена е помош за десетици илјади компании, благодарение на ефикасните и навремени мерки, што ги презеде Владата предводена од СДСМ за справување со економските последици од пандемијата со коронавирусот, која го зафати целиот свет.

Само преку мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, во месеците април, мај и јуни со 79,5 милиони евра поддржани се околу 120.000 вработени лица и околу 20.000 компании.

Спасени се 120.000 реални работни места во нашата економија, обезбедена е егзистенција за 120.000 семејства.

Финансиска поддршка добија и близу 6.000 самостојни вршители на дејности. Тие се поддржани со над четири милиони евра во април, мај и јуни годинава.

Во фокусот на СДСМ се граѓаните и економијата. Токму затоа го подготвуваме четвртиот пакет антикризни мерки кој ќе обезбеди уште поголема поддршка на работниците и компаниите.

Продолжуваме уште повеќе и уште подобро.

Последни вести