Соопштение за јавност – реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
Мицкоски освен за деструкција и одбрана на криминалот, за ништо друго не знае, тој останува против интересите на граѓаните, против ЕУ
Во деновите кога државата добива уште еден позитивен Извештај од Европската комисија, каде е нотиран напредок во клучните области, Христијан Мицкоски продолжува со деструктивното однесување спротивно на интересите на граѓаните и државата.
Наместо лицемерна загриженост, добро е Мицкоски на средбите со официјални претставници од Европа да каже како тој и неговата ВМРО-ДПМНЕ работеа против реформите важни за ЕУ, како тој лично за време на вонредната состојба ги кршеше мерките и задолженија за заштита од коронавирусот и како тоа неговата партија го прави и сега, организирајќи собири за спас на неговата функција.
Мицкоски треба да укаже и на тоа како вршеше и се уште врши притисоци врз судството во обид да ги спаси криминалницте и тајкуните во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Губитникот Мицкоски нема намера да ја нашушти деструктивната матрица во која е со години. Тој освен да брани криминал и да шири лажни вести за ништо друго и не знае и затоа уште долго останува во опозиција.