fbpx

Градиме нов спортско – рекреативен комплекс кај Прилепското езеро, зборот е збор

Facebook
Twitter
LinkedIn

Почитувани,

Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски, посветено работи на инфраструктурните инвестиции во општина Прилеп.

Деновиве се одвиваат силни градежни активности кај Прилепското езеро, каде се гради нов спортско – рекреативен комплекс, што е уште една потврда дека градиме по план во услови на пандемија и го исполнуваме дадениот збор пред граѓаните.

Со капиталниот проект „Прилепско езеро – нови авантури, нови можности“ чија вредност изнесува 50 милиони денари, го враќаме сјајот на ова излетничко место.

Во рамки на спортско-рекреативниот комплекс, се гради кошаркарско игралиште, игралиште за одбојка, простор со пинг понг маси, како и две пешачки патеки во должина од 750 метри.

Особено важел дел од комплексот е мултимедијалниот простор, на кој ќе има 3 летниковци, 20 клупи, како и платформа за одржување на различни културни манифестации.

Спортско – рекреативниот комплекс ќе биде целосно осветлен, до него ќе се влегува преку пристапна улица долга 35 метри, а ќе има и осветлен паркинг за дваесетина моторни возила.

Со сето ова, придонесуваме да се вратат некогашните излети, дружења и забави кај Прилепското езеро каде, истовремено граѓаните ќе имаат можност за рекреација, спорт и уживање во природата на овој дел од општина Прилеп.

Почитувани,

Продолжуваме со посветена работа на ветените проекти, со кои го подобруваме животот на сите граѓани.

 

Последни вести