Соопштение за јавност – реакција на изнесени ставови на Александар Николовски
Бројот на пратеници во Собранието кои го следат исправниот пат по кој води парламентарното мнозинство предводено од СДСМ може само да се зголемува.
Александар Николовски е еден од малкумината кој верно го следи главниот фабрикант на лажни вести, докажаниот губитник Мицкоски.
Откако не му успеа преку лицемерни протести да го мобилизира сопственото членство, сега во очај смислува конструкции со цел да си ја задржи фотелјата во белиот дворец, за да продолжи да ги исполнува нарачките на неговиот ментор Никола Груевски.
Деструктивното однесување на ВМРО ДПМНЕ и нивното кочење на секој напредок на државата како и на реформите и мерките кои се за доброто на граѓаните и државата беа казнети на 15 јули.
Наместо да ја научат лекцијата, ВМРО ДПМНЕ на чело со Мицкоски продолжуваат со фабрикување, ширење лаги и шпекулации кои секојдневно се конструираат во белиот дворец.
Губитничко ВМРО-ДПМНЕ бадијала сонува, со вакви погубни уште долго останува во опозиција